ТРАФОМОНИТОРИНГ

Земајќи ја во предвид паричната вредност и важноста на трнасформаторот, неговата добра состојба и доверливост е исклучително важна за функционирање на системот.Потребни се значителни сервисни интервенции, време и финансии за третирање на развиените дефекти на трансформаторите, а во некои случаи се случува само експлозија.

Со соодветна опрема возможна е реална слика (дијаграм на ПЦ) кој во реално време ја прати состојбата и трендот на развивање на гасови во трансформаторите (зачеток на квар) уште пред да се случи нешто посериозно. Со различни нивоа и опции на аларми, опремата реагира многу пред останатата заштита на трансформаторот (која во одредени услови може целосно да потфрли).

Calisto 2 (мери СО H2 и вода ) независно ги мери овие гасови на контролирана температура 35 C со постојан проток и во поголем опсег (бидејќи некои од гасовите како CО ги има постојано во маслото, кај овој гас е најбитно да се пратат евентуално нагли промени. Доколку инструментот има мал опсег нема да може да одговори на овие барања.

Вкупно во светот има инсталирано 5.500 единици. Calisto односно Calisto 2 и сите работат одлично и без одржување.

Најновите серии Calisto 5 и Calisto 9 прават анализа на 5 односно 9 гасови (комплетна гасна хроматографија онлине)

Како настануваат дефектите

Од повеќе причини - како факторот на материјалите (несовршеност и дотраеност) човечка грешка, несовршеност во конструкција кај трансформаторите -како и секоја опрема подоцна или порано се случуваат проблеми во функционирањето кои се развиваат во дефекти.

Кај високонапонската опрема важно е овие дефекти да ги фатите во самиот зачеток (и будно да ги набљудувате кога ќе почнат да се развиваат). Посериозните кварови се двојно голем проблем, поради огромните трошоци за поправка и значителното време кога опремата ќе биде надвор од функција (изгубено производство, енергетска криза и сл.)

 

Calisto има можност најдобро да Ве заштити од сите горенаведени ризици со најбрза детекција на зачеток на растворени гасови во трансформаторот. Како заштита Вие веројатно правите еднаш годишно или на неколку месеци гасхроматографска анализа. На овој начин можеби би биле во можност да откриете некој дефект кој поспоро се развива, но најчесто дефектите се развиваат многу побрзо. Со Calisto 2 Вашата заштита е еднаква на тим кој 24/7 постојано зема мостра од трансформаторот, ја анализира и Ве известува за евентуален проблем, а притоа воопшто и не го троши маслото.

Овие дефекти и не се случуваат често-во некои случаи еднаш на 20 некогаш еднаш на 40 години и зависат од тоа колку добро се одржуваат трансформаторите но поради несовршеноста на материјалите и конструкцијата тие сепак мора да се случат. Со Calisto 2 сте сигурни дека ќе бидете навремено известени пред да се случат посериозни дефекти со можност да ја исклучи опремата и да ја заштити од поголеми кварови.

 

 

ПРЕДНОСТИ НА УРЕДОТ

 

1.Брзината на одзив

2. Доверливоста на резултатите

3. Вредност и исплатливост на уредот -тој треба да претставува незначителен процент од вредноста на трансформаторот и да имате финансиска корист од него.

4.Истрајноста на уредот

треба да бидат клучни аргументи при изборот на оваа опрема

ОВАА ОПРЕМА ТРЕБА ДА БИДЕ ДИЗАЈНИРАНА ТАКА ШТО ДАВА НАЈБРЗ ОДЗИВ

 

Calisto уредите имаат најбрз одзив од сите слични производи поради вградената пумпа со која постојано го циркулира маслото и во најбрзо време добива нов примерок масло за тестирање.

 

Кај конкурентните производи нов примерок се добива на основ на топлинска размена (природно движење по гравитација на маслото-поради што брзината на одзив е многу слаба. За спор одзив Вие ќе имате Buchholz реле но тоа е практично неефикасно за брз одзив на растворени гасови па затоа е битно опремата која ќе ја изберете за мониторинг да има значително побрз одзив како ви Ве заштитила односно да има пумпа за циркулација.

 

  • Оваа опрема треба да дава реален и точен приказ на вредноста на гасовите во трансформаторот

Calisto уредите даваат поединечна вредност за секој од гасовите благодарение на посебно развиената техника на издвојување на гасовите во маслото. Дополнително уредот има и комора за кондиционирање на маслото на постојана температура 35 степени за подобра точност. Подолу е објаснето зошто е важно да добивате посебна вредност за гасовите. Од слајдот се гледа дека некои од гасовите растат а некои се намалуваат со променување на условите (температурата). Конкурентните уреди најчесто даваат вкупна вредност за 4 растворени гасови но оваа вредност може да остане иста иако дефектот се развива посериозно во трансформаторот што погрешно може да ве наведе дека нема проблем.

 

Ова е важно и е објаснето на слајдот подолу

 

 

Calisto има повеќе од 5500 инсталирани единици на трафомониторинг во светот.

 

Постои во неколку варијанти, основната само H2, CO и вода, а понапредните серии се Calisto5 и Calisto 9 ( кој прави online анализа на сите 9 гасови растворени во трафо маслото-комплетна гасна хроматографија).

 

 

  • Calisto se najistrajnite uredi za trafomonitoring koi rabotat bez odr`uvawe i nikakvi potro[ni delovi Calisto 2 има сопствена технологија за анализа на маслото која не бара замена на делови и одржување за разлика од алтернативни уреди кои работат на одреден гел кој треба да се менува чисти на секои 2-3 години. Дава посебен резултат во значително голем опсег за секој гас посебно (дијаграм на вашиот PC така што постојано имате реална слика што всушност се случува во вашиот трансформатор, тип на дефект) .

 

Podolu se objasneti prednostite pred ostanatite konkurentni proizvodi:

  • Calisto 2 мери H2 и CO и вода независно. Calsito 5 мери 5 гасови и вода a, Calisto 9 сите гасови комплетна гасна хроматографија online + вода . Конкурентните производи мерат делумно 4 гасови и има комбиниран резултат и најчесто нема можност за мерење на поедини гасови.
  • Calisto 2 ги мери тие два гасови 50000 ppm, додека алтернативните инструменти најчесто имаат можност само до 2000 ppm.
  • Во Calisto циркулира маслото за побрзо откривање на промена на концентрација на гасови, додека конкурентните се потпират на топлотна размена за да анализира ново масло.
  • Куќиште направено од нерѓосувачки челик.
  • Подобра точност поради системот на загревање на масло 35° C + 0,1° C кој го немаат конкурентните производи.
  • Бидејќи мери и поединечни вредности на поединечни гасови, системот претставува дијагностички уред така што имате индикација за причината на проблемот, конкурентните производи имаат многу ограничен опсег на мерење (поради различна технологија на мерење) и тоа само еден вкупен резултат за гасови.
  • Calisto е докажано отпорен на најекстремни временски услови на микро клима од (Саудиска Арабија до Русија) додека системите кои работат со друга технологија имаат огромни проблеми .
  • CE сертифициран
  • Можност да анализира 6 различни типови на масло.
  • Програмабилен алармен систем со пратење на тренд и аларм поединечно за гасовите.

 

 

Calisto 2 мери водород ,јаглероден моноксид и вода

Проспект Calisto 2

Линк Morgan Schaffer

 

 

 

 

 

 

 

 

Calisto 5 мери 5 гасови и вода додека Calisto 9 комплетна гасна хропматографија сите 9 гасови и вода online

Проспект Calisto 9

Линк Morgan Schaffer