ИНТАЈЛЕР ФИМАКО е основана 1998 година.  15 години соработуваме со eнергетски компании, производители на трансформатори, национални установи, образовни установи, производствени компании услужни комапнии и сл. Поради квалитетот , со години на овие компании им испорачуваме трансформаторски масла и професионална мерна опрема.Најголемиот дел на мерна опрема и трансформаторски масла во овие компании е токму од производителите кои ги застапуваме. 

ИНТАЈЛЕР ФИМАКО не се занимава само со продажба на опрема .Тука сме на корисниците да им презентираме и демонстрираме опрема, ги објасниме детално предностите и недостатоците -доволно го насочиме корисникот на најдобриот избор према неговите потреби . Наштие коминтенти добиваат и обука за користење и сервисна подршка за купената опрема , опрема на користење и демонстрациона опрема. 

        Сето знаење и искуство на производителите го доближуваме безплатно до нашите коминтенти во                  Македонија.  Работиме за македонските компании, и им го нудиме на располагање искуството на производителите стекнато од цел свет – бесплатно.. помош за откривање на дефекти ,  (толкување на резултати , совети за решавање на проблемите на нашите корисници информации поврзани со стандарди, применлива пракса . 

Референци во Македонија и факти

Трансформаторски масла

Најголемиот дел трансформаторски масла во трансформаторите кои се во функција во Македонија повеќе од 80% се токму од овој производител . И денес сите речиси енергетски компании (ЕВН ,ЕЛЕМ , Мепсо), индустриски корисници (Цементара, Макстил, Бучим, Железници), сите производители на трансформатори и сервиси (Раде Кончар Сервис, ЕМО Охрид, Макител Охрид , Раде Кончар ТЕП ) во Македонија ги користат главно NYNAS трансформаторските масла.

Y 3000 кое уште од времето на Југославија (поради тоа Y) беше и е стандард во сите овие простори е производ на NYNAS. Маслото со најдобра оксидациона стабилност NYNAS NYTRO 4000X (величини кои се достапни во спецификацијата на производот) кој може да се измерат (мора да се декларираат) – се произведува токму во оваа рафинерија. Суштината е во постапката на рафинирање и водењето на процесот. На далечното второ место е масло од производител со 3 пати помала оксидациона стабилност. NYNAS е глобален добавувач на сите поголеми производители на трансформатори во светот

Во нашата канцеларија можете да добиете техничка подршка, а од нашиот склад во Скопје експресна испорака на NYNAS трансформаторски масла секаде во Македонија.

Професионална мерна опрема

Најголемиот дел од професионална мерна опрема во Македонија е токму од овие производители.

Сите мерни коли за испитување на кабли во Македонија (1 во Рек Битола 13 во ЕВН се SEBA KMT. Преносна опрема во ЕЛЕМ, во рудници, приватни компании локатори на траса во ЕВН -се опрема од SEBA KMT.Опрема за локација на дефекти на далноводи во Мепсо е од овој производител.

Едниствената приватна мерна кола во Македонија е SEBA KMT Centrix. 

Во 1946 година фабриката ја измислува постапката на рефлексија и рефлектометарот. Во светот не постои денес некој кој не ја користи оваа метода. Речиси сите денес прифатени методи на предлокација ARM, DECAY, ARM PLUS, на дијагностика RVM, VLF cos 2 ,OWTS се измислени токму во оваа компанија. Најголемиот светски производител за опрема за испитување на кабли во светот е SEBA KMT (дел од Megger групација)

Поправка и сервис на опремата во Македонија (покриено од овластен сервис во Софија) со договор на сервисно барање од само неколку саати.

Целокупната опрема во ЕВН Македонија за испитување трансформатори, однос на трансформација, отпорност на намотки, испитување на прекинувачи е MEGGER. Опремата за испитување на трансформатори во Мепсо. Релејна заштита во ЕЛЕМ, ЕВН, MЕПСО и сега на ФЕИТ, наекаде мегаомметри и помали инструменти, опрема за испитување на трансформаторски масла во ЕЛЕМ, МЕПСО, КОНЧАР СЕРВИС, ЕМО, СКОПСКИ ЛЕГУРИ, РЕК БИТОЛА и сл.

Од струјна клешта до напредни дијагностички уреди. Речиси секаде ќе го видите овој знак. 60 години во тестирање на релејна заштита, 25 за прекинувачи, децении во напредна дијагностика на трансформатори. Многу од најнапредните дијагностички системи за трансформатори, прекинувачи се измислени токму во MEGGER комапнијата која ги сплоти развојот, лабараториите и знаењето на многу светски компании како AVO Biddle PROGRAMMA,  PAX  , со повеќе од 100 години традиција. MEGGER денес е најголемиот произвоител на мерна опрмема во светот . Инструмент за испитување изолација секаде го нарекуваат Megger. Megger со децении поставува нови стандарди за мерна опрема.

Iris_power На сите 16 генератори во ЕЛЕМ (во сите Термо и хидро електрани во ЕЛЕМ се инсталирани –капацитивни сонди и мониторинг на парцијални празнења од токму овој производител . Iris Power е најголемиот производител на мерна опрема за мониторинг на генератори со најголема база на податоци на корисници.За време на ревитализацијата Силовие Машини во РЕК Битола изолацијата на јадрото ја испитува со ELCID.Ова е иинструмент единствен во светот и измислен токму од оваа компанија, за испитување на квалитет на изолација на јадро со 4% од оперативен флукс. Во областите каде не- доволно дефинирани со стандарди Iris Power многупати бил присутен за решавање на проблеми и добра пракса.

Опремта на факултет за испитување парцијални празнења е од Теттекс , целата дијагностичка за трансформатори во Рек Битола е токму од Теттекс . Факултетот има полно комбе опрема од Теттекс. Комплетните испитни станици за трансформатори на Електротехнички Факулет Скопје, Раде Кончар Сервис, Емо Охрид се од Tettex , Haefely, Hipotronicsс.

Micafluid Сите машини за обработка на трансформаторски масла во сите енергетски компании во Македонија (2 во ЕВН Македонија, во Мепсо и во ЕЛЕМ )се токму од овој производител

Morgan_Schaffer Опрема за мониторинг на трансформатори од Morgan Schaffer е инсталирана на 9 трансформатори во ЕЛЕМ

Zera Еталонот со најголема точност (за калибрирање на стандарди во баждарници за калибрирање на електрични броила) на ФЕИТ Скопје е токму од овој производител

Ова се најпознатите светски производители на мерна опрема. Покрај испорака на опрема на корисниците им обезбедуваме и сервисна подршка, обука за користење на испорачаната опрема, бесплатна демонстрација на опрема за која се заинтересирани да ја купат, помош со демонстрација на опрема за откривање на ненадаен дефект кој не се во можност да го откријат со опремата која ја имаат. На факултетот оваа година ја испорачавме целокупната опрема за калибрација па отсега добар дел и одинструментите од производителите кои ги застапуваме ќе можат да се рекалибрираат во Македонија

За комплетна програма кликнете овде read more

NYNAS е глобална компанијасо седиште во Шведска. Специјализирана рафинерија за посебни производи од нафта и битумен

read more

Megger е најголемиот и најпознатиот производител на мерна опрема во светот со традиција од повеќе од 100 години. Речиси и да не постои поголема енергетска компанија во која не се користи токму опрема од Megger. Патентираните технологии, посветеноста на квалитетот робусност и издржливост на опремата како и најсовремени лабаратории за испитување на квалитет но и исполнетост на сите важечки и безбедносни стандарди ги поставуваат индустриските стандарди на мерна опрема.

read more

SEBAKMT е Германска компанија со 60 години традиција во производство на мерна опрема. SEBAKMT е бренд кој ги обединува трговските марки SEBA, Hagenuk KMT, HDW и обединува традиција, знаење и искуство на најголемиот специјализиран производител на опрема за испитување на кабли.

read more

TECTRA е Швајцарска компанија . Специјализирана компанија за дистрибуција на мерна опрема, read more

Morgan_SchafferIris_powerAmetek_processLloydJofraMicafluidZeraQualitrolHaefelyDranetzOfilZimmerTeseq_Micafil_bushingsGrantETL