Генерално постојат два пристапи на испитувањето на батерии. Едниот се однесува на почести пилотски испитувања на импедансата на секоја ќелија поединечно. Ова е брзо испитување кое може да се направи и додека батеријата е во погон (без потреба да се исклучува) и на основа на импедансата на секоја поединечна ќелија но и на некои внатрешни струи кои можат да бидат одредени од страна на инструментот. Со ова мерење можете да добиете јасна претстава за постоење на слаби ќелии во батериската низа, да го пратите трендот и да идентификувате лоши ќелии во батериската низа уште пред тие да испаднат. Инструментите ги исполнуваат важечките ЕУ директиви за електромагнетна компатибилност, безбедност и ЛВД.
BITE2/2P
Megger Bite2 и 2P се инструменти развиени за брзо наоѓање на лоша ќелија онлајн
во никел кадиумски батериски низи до 7000 Ah. Инструментот работи со
пропуштање на струја низ целата батериска низа и мерење на АЦ ripple струја
( rms вредност на променливата струјата која протекува низ капацитивниот
објект) и тест струјата како и падот на напон на секоја ќелија. На основа на
овие измерени вредности инструментот ја пресметува вредноста на импедансата
на секоја ќелија поединечно по што дава точна идентификација на слабата
ќелија во батериската низа уште пред истата да испадне од функција без
потреба за долги тестови на длабинско празнење и без потреба батеријата
Оваа опрема работи со методата на длабинско празнење. Можно е исклучување на батеријата од погон и во услови на реално оптеретување и следење на состојбата на батеријата низ неколку часовен тест со длабинско празнење - со можност за снимање на секоја ќелија поединечно со BVM. Инструментите ги исполнуваат важечките ЕУ директиви за електромагнетна компатибилност, безбедност и ЛВД
Megger Torkel - 820 e систем за длабинско празнење
на батерии со примена во телеком индустријата 12 24
и 48 В.
Работи со празнење со струја до 135 А на 12 В батерии и 270 А на 24 и 48 волтни батерии, а доколку е потребна поголема струја може да се поврзат заедно повеќе Торкел единици или TXL систем за дополнително оптеретување. Тестот може да се направи со константа струја, константна моќност или константен отпор или према преселектиран профил на оптоварување. Комјутеризирано ракување преку софтвер
за ПЦ, подесиви аларми и точки на прекинување на празнење.
Видео за робусноста и издржливоста на MEGGER уредите.
Квалитетот на употребените материјали овозможува долгогодишна доврелива употреба на инструментот во тешки индустриски услови и манипулација.
Избор на струја до 10 ампери за испитување на мали отпорности од 0,1 микро до 2000 оми. Седум опсега на отпорност и целосно автоматска операција. Голем штитлив дисплеј, предупредувања за лош контакт, напон на терминали и струја низ тест објект. Напојувањето е на батерии ие доволно лесен за да се прикачи преку вратот. Резултатот се добива за помалку од 3 секунди. Има ограничена излезна моќност на 0,2 вати.
Софтвер за менаџмент на податоци од анализа на батериски системи. Можна е анализа на трендот и менаџирање на резултатите од
посебни батериски системи. MS Acess база на податоци за менаџирање на податоците за батеријата како што се напони, импеданса, отпор на меѓуќелиска врска, ripple струја, густина на електролит, инфрацрвена