ELCID (Core imperfection detecter)
Овој инструмент се користи кога генераторот е исклучен. Во зависност од дизајнот на генераторот, најчесто може да се направи проверка и без вадење на роторот. Неговата намена е за детектирање на аксијални струи кои се јавуваат во јадрото на генераторот како последица на кратко споени ламинирани лимови од јадрото. Овие аксијални струи се јавуваат поради стареење на изолацијата помеѓу лимовите кои доколку ги има во поголем дел формираат "жешки места" кои можат да доведат и до топење на лимовите.
Конвенционална метода за испитување на овие грешки е со помош на многу јак извор (неколку MVA) да се оптовари јадрото и со термовизиска камера да се бараат овие топли места. Недостатоци на оваа метода наспроти ELCID се:
-потребата од огромен извор и кабли
-опасност по живот на операторот кој мора да работи во исклучително опасни услови
-вадење на роторот за тестот (непотребно ангажирани работници, опасност од оштетување ) .
-можност од прегревање и дополнителни оштетувања поради тоа што не струи
воздух или хидроген за ладење
-време и персонал потребни за извршување
-опасност од висок напон
-неможност да се детектираат подлабоки проблеми (подлабоко од површината на јадрото )
-неможност на пратење на тренд за периодични испитувања
Со ELCID сето ова го нема. Јадрото се оптоварува со само 4% од оперативниот флукс. Роторот (во зависност од генераторот ) најчесто не мора да се вади за извршување на тестот. Не се потребни многу работници (секој по фактор на грешка) за извршување на тестот. Наместо да се надевате на загревање на јадрото за откривање на овие проблеми, инструментот работи со помош на детектор на магнетен флукс со кој рачно треба да поминете по внатрешниот дел од статорот. Директно ги открива аксијалните струи дури и во длабината на статорот (оние тешко или не видливи со термовизиска камера) и во рана фаза.