ОПРЕМА ЗА ON LINE МЕРЕЊЕ НА ФЛУКС НА РОТОР, ИСПИТУВАЊЕ НА КРАТОК СПОЈ И ПОМОШ ВО ДИЈАГНОСТИКА НА ВИБРАЦИИ

 

 

Овие мерења се наменети за превентивна проверка на состојбата на опремата и (во најголем број случаи ) неколку години однапред планирање на сервисни операции. Дефектите се јавуваат од повеќе причини - термално стареење на изолацијата, бакарна прашина, пробој на изолацијата и разликата на коефициенти на механичка експанзија на изолацијата и проводникот на роторот. Проводниците се наоѓаат многу блиску

 

Кратките споеви во ротор предизвикуваат смалување на неговата моќност и ефикасност и зголемување на загубите, магнетна асиметрија и нееднакви температури на роторот кои предизвикуваат вибрации.

Најголемиот проблем кај овој дефект е неговата непостојана природа. Поради центрифуталните сили намотките на генераторот минимално се поместуваат за време на работа на генераторот па таму каде што постоел спој кога генераторот бил во погон може да нема кога тој е во мирување. Дополнително температуратата и оптеретувањето влијаат на овој дефект па затоа од исклучителна важност е овие мерења да се прават додека генераторот е во функција. За таа цел потребно е да се инсталира (трајно или привремено) сонда помеѓу статорот и роторот кој собира информации за флуксот на роторот додека истиот е во функција, под реално оптеретување и температура.

Примитивна анализа на овој сигнал може да направи експерт со големо искуство со снимање со осцилоскоп за генерална информација за состојбата. Инструментот RFA одIris Power има можност оваа анализа да ја направи автоматски (и да Ви даде информација точно каде се наоѓа спојот). Оваа нееднаквост во магнетното поле предизвикува и вибрации кои не се од механичка природа - туку од електрична а овој инструмент може да ги дефинира и значително да Ви помогне во разбирањето на природата на евентуални вибрации (дали се од механичка или електрична природа и најважно - како да ги отстраните)

 

 

 

 

 

RFA-R инструмент за периодично испитување на флукс на ротор со TF probe

Проспект

Линк IRIS POWER TGA-B

 

РФА-S инструмент за периодично испитување на флукс на ротор

Проспект

Линк IRIS POWER TGA-S

 

 

FLUXTRACK R инструмент за ONLINE испитување на флукс на ротор

Проспект

Линк IRIS POWER BUS TRACK

 

 

FLUXTRACK S инструмент за ONLINE испитување на флукс на ротор

 

 

Проспект

Линк IRIS POWER TURBO GUARD

 

TF probe - сонда за испитување на флукс на ротор

Проспект

Линк IRIS POWER TGA-S