*Генерира барани графи за оптоварување и податоци поврзани со напон на струјата
*Зумира одредени полиња од интерес
*Нуди детални извештаи
*Изведува анализа на хармоници
*Многу е лесен за употреба
*Исто изгледа, компатибилен е и лесен е за употреба на различни инструменти
АНАЛИЗА НА ХАРМОНИЦИ
Метрософт може да го обезбеди следново:
*ЛИСТИ на моменталните анализирани форми на бранови
*БАР ЛИСТИ на магнитуда на хармоници на неколку избрани брановидни хармоници
*ИЗВЕШТАЈ НА АНАЛИЗАТА НА ХАРМОНИЦА за селектираниот брановиден циклус
БРЗО ПОДЕСУВАЊЕ НА СНИМАЧОТ
Со MetrosoftTM, анализерите на моќност може да се постават за различни услови на тестирање и тоа за неколку секунди. Со едноставно пополнување на формуларот, вие самите избирате која фаза да ја снимите, соодветните вредности кои што се над лимитот, која статистика да ја запомните (минимална, RMS и/или максималната), итн. За дополнителна погодност, софтверот автоматски го обработува максималното време на снимање според изборот кој вие сте го направиле. Кога еднаш ќе го подесите анализерот на моќноста за тестирање тој ќе ја задржи таа информација додека вие не ја смените. Фајловите за подесување може да се запомнат на диск за повторна употреба.
КОМПЛЕТНИ ИЗВЕШТАИ
MetrosoftTM овозможува комплетни извештаи од снимените податоци кои може да бидат видени, испечатени или пренесени на популарните Ексел програми.
*Во ЦЕЛОСНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОДЕСУВАЊЕ ги содржи листите со информации за подесување на инструментот и извештај за сите снимени податоци
*ТАБЕЛАРЕН ИЗВЕШТАЈ: Во МОЌНОСТ се вклучени сите снимени податоци за моќноста за секој влез.
*ТАБЕЛАРЕН ИЗВЕШТАЈ: Во НАПОН И СТРУЈА се вклучени сите податоци за напонот и струја снимени за секој влез.
*ВКУПНА ДИСТОРЗИЈА НА ХАРМОНИЦИ (THD) ЗБИРЕН ИЗВЕШТАЈ анализира THD за секој влез како процент од основниот за првиот круг од секој настан
*ИЗВЕШТАЈ ЗА ВРЕДНОСТИ ПОГОЛЕМИ ОД ГРАНИЦИТЕ вклучува информации за сите настани кои што се надвор од границите вклучувајќи го статусот на сите останати влезови за време на секој настан
ДЕТАЛНИ ЛИСТИ
MetrosoftTM ти овозможува преглед на повеќе фази/параметри во една табела, на тој начин проблемите побрзо се индентификуваат. Дополнителна графичка карактеристика е спобноста за зумирање и зголемување на одредени временски периоди за приказ на необичните настани од блиску. Со особината за пребарување на вредности по кривата се овозможува движење на линијата низ листата додека софтверот на листата ги прикажува вредностите за податоците и времето. Ова дава точни бројки и ја елиминира потребата за приближни податоци. Како додаток, можете да ги прегледате врските на векторот за секој интервал кој се бара. Сите листи може да бидат испечатени на било кој принтер кој има Windows поддршка.
MEGGER Metrosoft