|
 
|


|
|
SebaKMT мерни коли
SebaKМТ е најголемиот специјализиран производител на системи за дијагностика и локација на дефекти на кабли.
Со искуство од повеќе од 60 години производите кои ги нуди ја зголемуваат доверливоста и економичноста на сите инсталации каде се употребуваат.
SEBA KMT е групација на повеќе компании кои се основани уште од 1946 година (HDW Elektronik, Robotron Messelektronik, Seba Dynatronic, Metrotech Corporation, Salzgitter Elektronik, Philips Kommunikationsindustrie, Hagenuk KMT, VIVAX..).
Во 2012 година SEBA KMT стана дел и од MEGGER групацијата.
Во 1946 компанијата ја развила постапката на рефлексија и рефлектометарот уште позната како кабелски радар или TDR. Речиси сите денес прифатени методи на предлокација ARM, DECAY, ARM PLUS, на дијагностика RVM, VLF cos2, OWTS се измислени од оваа компанија.
Сите мерни коли за испитување на кабли во Македонија (1 во Рек Битола 13 во ЕВН) се SEBA KMT. Преносна опрема во ЕЛЕМ, во рудници, приватни компании локатори на траса во ЕВН - се опрема од SEBA KMT. Опрема за локација на дефекти на далноводи во Мепсо е од овој производител.
Едниствената приватна мерна кола во Македонија е SEBA KMT Centrix.
SebaKМТ концептот на мерни коли е еден од најшироките опсези на продукти. Ги комбинира сите технологии потребни за инспекција и лоцирање на грешки во еден систем.
Комбинирано со софистициран концепт за безбедност, индивидуално дизајнираното тест комбе е идеално решение. Најновите технологии заедно со лесното управување се прилагодени за да одговараат на сите барања.
CENTRIX мерна кола
Centrix 1+3 (Еднофазна и Трофазна верзија)

Мерна кола за локација на кабли, приемни испитувања на издржливост и испитување по поправка, како и локација на дефект (со сите достапни докажани техники на предлокација и локација на дефект на кабел)
Комплетно нов концепт кој ги задоволува барањата и потребите на корисниците за комплетна теренска работа. Првенствено системот е направен лесен за ракување, погоден за работа и на понеискусен персонал, целосно автоматизиран, за испитување по најсовремени методи но крајно едноставни команди за ракување.. Голем број од чекорите се автоматски избрани, па корисникот треба само да го потврди тоа со притискање на џојстикот. Со целосно автоматско мерење и препознавање на параметрите, зачување на резултатите / пратење на тренд и споредба со историја, изработка на испитни протоколи. Целата контрола на сите системски функции се одвива преку џоестик па операторот немора да притиска безброј копчиња и да прати безброј индикатори - се е интегрирано во дисплеј и џоестик.
Системот ги има интеграни сите седум методи на предлокација достапни денес (воглавно измислени и патентирани од СЕБА КМТ). Безбедноста на опремата и операторот е по највисоки безбедносни стандарди со посебен безбедносен систем интегриран во возилото.
Можност за интегриран VLF тест со косинусен правоагоен напон или синусен напон за тестирања со многу ниска фрекфенција.
Можност за употреба на интегриран тест на изолација (за евалуација на дефект и избор на чекори и методи за тестирање и локација во зависност од природата на дефектот), како и можност за мерење на капацитет на кабел и тестирањето на плаштот (со пред локација и точна локација на дефекти)
Интегриран ударен генератор, генератор на аудио фрекфенции и сите достапи предлокациски методи кои се интегрирани - TDR, Decay методот, методот на импулсна струја (ICE), АРМ, а исто така нуди нова верзија на ARM методот коа е оптимизирана за пократки релации. Алтернативно, за поголеми далечини се достапни ARM Plus и Decay Plus, ARM технологија на горење, двојно ударниот метод на ARM Plus и Decay Plus, особено за повисоки напони и долги кабли. За непостојани грешки, достапен е IFL мод кој заштедува многу време, особено кај нисконапонската дистрибуција.
Проспект
|
Centrix D

Centrix дијагностичката мерна кола нуди комбинација со Centrix системот за локација на грешки кај кабел со дополнителна функција за дијагностички тестирања (за евалуација на состојбата на изолацијата на кабел - предвидување на животен век и локација на слаби места или секции од кабелот).
Го содржи основниот еCentrix System за една фаза или за три фази до 80 kV (кој ги има сите методи за предлокација измислени од SEBA KMT и локација на дефекти). Овој систем може да биде опремен со 0,1 Hz VLF синусоидално тестирање во комбинација на дијагностицирање на тангенс делта или со веќе докажаниот 0,1 Hz VLF косинусно тестирање. Опција за интегриран OWTS модул за дијагностицирање на парцијални празнења (за комплетна евалуација, индикација на слаби секции и одржување на база на состојба) и тестирање на дефекти на плаштот.
|
System R 30

System R 30 е мерна кола со најголемо напонско ниво од SEBAKMT. DC напонски нивоа за тестирање, како и добро познатиот метод за предлокација Decay се достапни до 110 kV во стандардна верзија (400 kV опционо). Со добро познатиот Arc Reflection метод до 50 kV е овозможено лоцирање на грешки во кабли со опсег до 30 kV. Исто така се користи и ICE метод. R 30 системот нуди зголемена безбедност, за ракувачот а и за опремата за време на работењето. Контролната единица е интегриран централен операторски интерфејс за сите модови и обезбедува мониторирање на системот и безбедносните уреди. Овозможува лесна и брза работа на системот, спречува оперативни грешки и значително го намалува времето на лоцирање на грешката. Опремен е со најновиот Teleflex M – рефлектометар со висок динамичен опсег, па System R 30 нуди одлична резолуција дури и при големи далечини. Со овој систем може да се испитуваат и дефекти на плаштот. Високата ударна енергија од 2500J е сновата на ефикасно и брзо локализирање на грешките кај каблите. Со помош на VLF косинусниот метод е обезбедено ефективно тестирање на PE, XPLЕ и хартиено изолираните кабли.
Проспект
Variant

Нов систем за локација на грешки базиран на докажани и сигурни технологии. Во предвид се земени потребите на корисниците и системот е фокусиран на ефикасност, оптимална брзина и лесно користење. Има NSF 8 работен панел кој дозволува централно мониторирање со посебен прекинувач за избор на уред и FU/EP безбедносен систем со соодветна сигнализација. Постојат два работни мода: експертски (за искусни корисници, каде сите одлуки се на корисникот) и полуавтоматски (за неискусни корисници, каде се добиваат информации за позиционирање на прекинувачот, односно негово водење). Интегрираниот кориснички водич им обезбедува на новите и неискусни корисници брз и интуитивен тренинг за системот и неговите функции. Доаѓа со поделбен трансформатор и SWG 1750 ударен генератор. Модул на празнење и заземјување, и високонапонска контролна единица. Може да создаде 80KV DC напон, и во него се вградени добро познатите методи ARC, Decay и ICЕ методите на предлокација, како и можности за тестирање на плашт.
Проспект
NSF E-Combi Систем

Котролниот панел на NSF E системот ја дава можноста да се комбинираат до 4 постоечки или нови единици во еднофазен систем и да се управува со нив преку една централна единица што дава максимална удобност во работата и највисока безбедност. Преку контролниот панел секој од уредите може да се прилагоди на барањата за дијагностика на кабли, тестирање и локација на грешки. Оваа контрола може да биде конфигурирана за скоро секој уред. Системот може да управува со HV компоненти до 60KV. Контролата се состои од прекинувачи вкл/иск, итно исклучување и интегриран FU/EP безбедносен систем. Со системот може да се користат и генератори (SPG, SWG), тест системи (VLF, DC тестери), дијагостички системи (OWTS, тангенс делта системи), LV уреди (рефлектометри, AF генератори), инструменти за прегорување (T22/13, MMG).
Проспект
Compact City

Комплетен тест и систем за локација на грешки погоден за инсталација дури и во мали возила. Се состои од SPG 40, подвижен, мултифункционален систем за тестирање, предлокација, точно лоцирање и горење на грешки кај кабли во нисконапонски и среднонапонски мрежи. Системот е контролиран преку поврзаниот Teleflex T 30-E рефлектометар од контролниот панел. Сите функции лесно се управуваат, и системот овозможува едноставна работа, дури и за корисниците без искуство. Има високоударна енергија, со сите клучни HV методи на предлокација. И покрај лесното ракување, обезбедена е максимална заштита. Подржува изолациски тестови до 5000V, DC тест до 40KV со функција на линеарно зголемување на напон, автоматско исклучување во случај на дефект. ARM предлокациски метод, ICE импулсен струен метод и Decay. Функција на конверзија на грешка/ горење со прилагодлива струја, акустично точно лоцирање и локација на грешка на плашт со метод на напон на чекор.
Проспект
System Classic

Ова е модуларен еднофазен или трифазен систем за тестирање и локација на грешки на енергетски кабли кај ниско и среднонапонски мрежи. Системот нуди максимална променливост во опциите на опремата и карактеристиките. Постои избор од две централни автоматски контролни единици: со рачна работа и со автоматско префрлање на фазите и инструментите во SF6 HV прекинувачот. Флексибилноста дозволува специфична прилагодливост на тестирањето, ударна енергија за точно лоцирање, горење и локација на грешка на плаштовите. Стандардни карактеристики се 80KV DC тест напонот и методите за предлокација на грешки на кабел до 32KV. Има највисок безбедносен стандард. Можност за рачно работење и автоматско префрлање. Кога се користат методите на рефлексија на лак, автоматската функција на Teleflex го одредува крајот на кабелот и ги поставува идеалните параметри за мерниот опсег и метод. Подржува VLF тест, тест со DC напон, предлокациски методи ARM, ICE, Decay, IFL. Локација на грешка на плашт со високоперформансно тестирање на кабел до 10KV, биполарна предлокација и точно лоцирање со DC напон на чекор и аудио фреквенција. Модуларната конструкција дозволува и инсталација на ударен генератор со излезна енергија од 1750J или 3500J со напони до 32KV.
Проспект
|
|
|
|


|
|
|
|
|