ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ТЕЛЕКОМ И МРЕЖНИ ИНСТАЛАЦИИ

 

ТЕСТЕРИ НА ПОЗДЕМНИ ТЕЛЕКОМ КАБЕЛСКИ ИНСТАЛАЦИИ

 

 

ОПРЕМА ЗА ЛОКАЦИЈА НА ТРАСА НА КАБЛИ

За локација на точната траса на кабли се користи метода со електромагнетни бранови. На овој начин со рачен инструмент, се пронаоѓаат и сите подземни извори на електромагнетни бранови (реемитирани) или од мрежна фрекфенција, но и оние со точна фрекфенција – која ја генерира тон генераторот со што се прави точна локација на трасата на каблите. Понатаму е можно инструментот да ја одреди и длабочината на кабелот. Можност за директно приклучување на сигнал од генератор на проводник од кабел, можност за префаќање со клешта, можност за бесконтактно индуцирање на сигнал во проводник, можност за идентификација на кабел од група кабли со дополнителна сонда, можност за локација на двоземен спој на кабел со дополнителна А-Рамка. Можност за внесување на ГПРС координати .

 

 vLoc 2

 

 

SEBA KMT ЛОКАЦИЈА НА КАБЛИ

 

 

 

ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОМОТ НА КАБЛИ

MFM 10

Систем за испитување целовитост (оштетувања) на омот на кабли со биполарен напон и метода на пад на напон со +/- 10кВ. Евалуација на оштетувања на омот, предлокација и точна локација со помош на ESG или со А -рамка. Напојување од мрежа или батерии. Автоматско мерење и изработка на испитни протоколи. Тестирање со константна струја до 750mA. Можност за прогорување и обработка на грешки. Само еден кабел кој излегува од уредот. Комадни од џоестик и екран осетлив на допир.

Проспект SEBA KMT MFM10

 

 

ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТ НА ИЗОЛАЦИЈА ВО ТЕЛЕКОМ МРЕЖИ

 

 

 

MIT 480

 

 

MIT480 серијата инструменти од Megger се создадени специјално за телекомуникациската индустрија. Тестерите за изолација и непрекинатост ги користат најновите техники за мерење кој заедно со дизајнот на инструментот ви нудат најдобар тестер кој е компактен и лесен за држење.

MIT480 серијата директно ги заменува добро позната група на производи BM80, тие имаат подобра функционалност со поедноставени операции и поголем опсег за примена.

MEGGER MIT 480

MIT480 50 V, 100 V тестер

MIT481 50 V, 100 V, 250 V, 500 V, 1000 V тестер

MIT485 As 481 плус даунлодирање на резултати

 

 

ТЕСТЕР НА ПЕРФОРМАНСИ НА МРЕЖИ

 

NET 200

 

 

MEGGER NET 200 мери логички перформанси на мрежи, Оценка на можностите на линк конекциите и лоцирање на грешки до 500 метри, 1000BASE-T, Автоматско мерење на перформансите на сигнал, кабелска мрежа и должина, голем дисплеј со позадинско осветлување, 1 kHz излез аналоген тон сигнал, вграден TDR и TDX

 

MEGGER NET 200

 

 

 

 

 

 

 

HT 1000

 

 

Пронаоѓач на сметњи (шум), спектрален анализатор за пронаоѓање прекини кои предизвикуваат пореметувања на DSL сервисот - со очитување на VDSL, 7 селективни автоматски тестови кои може да ги избере корисникот, тест програми за гранични парови, вграден TDR / 2-канален TDR, USB порт за даунлодирање и ажурирање. Напон, отпор и сите стандардни телеком тестирања. Super stress Test ADSL2 + и VDSL2 со дополнителна инсталирана картичка, xDSL за увид со CO (DSLAM ) и мерење комуникациски протоколи , како што се брзината upstream и downstream, односи на сигнал на шум и проценти на искористеност.

 

MEGGER HT1000

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SCT

 

Тестери на структурирани кабли

 

Сертифицираат се до категорија 7 кабелски инсталаци, надминуваат IV ниво на точност,

1- 1000 М Hz фрекфенциски опсег, моќна дијагностика, и се единствени патентирани модули без потреба од конектори. Точно одредување локација на растојанието до сметњи на линкот.

 

 

MEGGER SCT

 

 

 

KMK 8

 

 

 

 

 

Четири инструменти во еден: Активен мост за мерење на отпор, Пасивен Витстонов мост, Graaf локатор на дефекти и TDR. Со особено лесно ракување и автоматско испитување секвенци.

 

 

 

 

 

 

Seba KMT KMK8

 

 

 

 

 

 

 

 

 

TIME DOMAIN REFLEKTOMETRI

 

 

 

TDR 500

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тестер на прекин на проводник и краток спој на телеком кабли со графички дисплеј и дијагностика добар/лош. Тестирање на кабли и идентификација на кабелски парови.

MEGGER TDR500

 

 

 

 

 

 

 

TDR 900

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тестер на прекин на проводник и краток спој на енергетски, телеком CATV и LAN кабли. Мерење на должина на кабел и должина до грешка. Идеален за телеком тестери на нови и одржување на мрежи за наоѓање на гешки во мрежа.

MEGGER TDR900

 

 

 

 

 

 

 

ЛОКАТОР НА СПОЈ СО МАСА

 

 

GEOLUX

 

 

Локатор на спој со земја во изолирани системи без заземјување. Сигналните и котролните кабелски системи кои се користат во железници, болници, енергетски и индустриски објекти и кои се дизајнирани да бидат без потенцијал, а се надгледуваат со индикација на спој со маса заради непрекината работа на целата мрежа која може да испадне поради само еден земјоспој. Со овој уред може да се лоцира местото на земјоспојот. Уредот се спојува директно на линијата со спој на маса со напонско ниво до 660В и генерира нискофрекфентен сигнал кој може да се следи по трасата на кабелот се до местото на грешка(земјоспој). Уредот има мрежен филтер и може да се приклучи на живи кабли до 660 В без исклучување, одбивање на сметњи и локализација на земјоспој со прелазен отпор до 150 кило оми.

SEBA KMT GEOLUX