Машини за обработка на трансформаторски масла
Согласно стандардот за трансформаторски масла во сервис IEC 60422 максималната дозволена содржина на вода во трансформаторско масло ( пред сипување во трансформатор ) треба да биде 10 или 5 ппм (во зависност од напонското ниво.
Тргнувајќи одовде , обработка на маслото е потребна како за нови така и за користени масла . Кај користените масла покрај отстранување на вода , машината за обработка потребно е да има можност за дегазација (отстранување на штетните гасови -особено експлозивните кои се дури и опасни за опремата и персоналот) . Согласно водичот (стандардот) за одржување на трансформаторски масла , кај инхибираните трансформаторски масла е потребна периодична проверка на инхибиторот - и доколку неговата вредност падне под границите дефинирани во стандардот- негово реинхибирање. Реинхибирањето се врши со машина за обработка на трансформаторски масла.
Поновите серии на машини за обработка на трансформаторски масла имаат можност за автоматска онлајн обработка на трансформаторските масла (додека трансформаторот е во функција ) без потреба на персонал , со онлајн мерење на содржината на вода и тг делта (кој зависи од нечистотиите кои исто така се филтрираат со машината за обработка на трансформаторски масла) .
Mашини за обработка (дегазирање, сушење, прочистување и регенерација на нови и трансформаторски масла во експлоатација, како и останати масал за топлинска размена.
Системи за прочистување на трансформаторски масла
мобилни единици
(системи за обработка со варијабилен проток ) -високо ниво на одземање на валга и гасови во еден циклус на третман, одземање на заостанати гасови во трансформаторската изолација, делумно сушење на трансформаторската цврста изолација, лесно и едноставно ракување и онлајн мерење на сите важни параметри за обработка на маслото
ОНЛАЈН ОБРАБОТКА НА ТРАФО МАСЛО
Онлајн обработка на трафо масла се прави на енергизирани трансформатори додека тие се во функција. Потребно е краткотрајно исклучување (околу еден саат ) време на инсталација и потоа трансформаторот повторно може да се вклучи притоа што овојпат системот за онлајн обработка на трансформаторско масло врчи постојана циркулација и сушење и одземање на растворените гасови во трансформаторското масло додека трансформаторот е во функција. Ова е особено препорачливо во средини со поголема влага или за пооптоварени трансформатори. Системот не влијае негативно на внатрешната циркулација на масло во трансформаторот. Посебни уреди за супервизија се инсталираат кои гарантираат безбедна операција на системот. По завршување на постапката на обработка (сушење филтрирање и дегазација) уредот брзо се откачува од трансформаторот.
РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ТРАНСФОРМАТОРСКИ МАСЛА
Системи за регенерирање на трансформаторски масла на база на хемиска апсорпција . Нестабилните хемиски соединенеија кои се создаваат во трансформаторот со термална и хемиска деградација на маслото и хартијата во трансформаторите можат да се отстранат од маслото со активната апсорбциона способност на абсорбенсот кој се користи во системот( фулерова земја или абсорбциона глина) Со оваа постапка се подобруваат диелектричните и физичко хемиските карактериситики на деградирани трансформаторски масла . По завршување на постапката потребно е да се реинхибираат инхибираните трансформаторски масла бидејќи инхибиторот исто така се абсорбира во постапката на регенерациј
КОМПЛЕТНИ ДИСТРИБУЦИСКИ СИСТЕМИ ЗА ОБРАБОТКА НА МАСЛО
Целостен систем за производители на трансформатори и големи корисници кој обезбедува коплентна дистрибуција и обработка на трансформаторски масла во организацијата . Овој систем го проследува маслото од резервоарите за чување до системот за обработка на трансформаторски масла пред употреба и конечно полнење во трансформаторот.
СПЕЦИЈАЛНИ СИСТЕМИ
Изведба по барање / потреба на клиентот на посебна серија
За повеќе информации кликнете овде