ОПРЕМА ЗА МОНИТОРИНГ НА ГЕНЕРАТОРИ (парцијални празнења)
Парцијални празнења се јавуваат во секоја изолација на напонско ниво поголемо од 3кВ поради несовршеноста на материјалот и производството.Од истата причина и во сите генератори постојат парцијални празнења. Додека изолацијата е во добра состојба овие парцијални празнења се на многу ниско ниво. Сепак поради стареењето на изолацијата, вибрациите, температурата, загадување со влага и масло -нивото на овие искрења кои се јавуваат во минијатурните воздушни меури во изолацијата ќе порасне и неколку пати.Сепак оваа вредност е битно да се прати бидејќи таа дава најдобра индикација за состојбата на изолацијата.
Битно е овие мерења да се прават во реални услови-под реално оптоварување и температура. Исто така е важно вредностите кои се добиени да се во рамките на 90%од вредностите на генератори со слични карактеристики и во текот на една година да не се зголемат двојно. Главната предност на Ирис Повер е базата на податоци од преку 200. 000 инсталации која редовно се апдејтира.
Повеќе од 40 години Ирис Повер ги развива своите системи и ја има најголемата база на податоци.Во зависност од големината на генераторите постојат два типа на сонди кои трајно се инсталираат на генераторите: Капацитивни ПД сонди и ССЦ (Статор Слот Цоуплерс).

Ирис Повер има и најдобро развиен систем за елиминирање на шум сигнали- кои не доаѓаат надворешната страна на генераторот со инсталација на две ПД сонди по фаза -при што се мери времето на пристигање на сигналот од генераторот и оние кои не доаѓаат од страната на генераторот-опремата за мерење има можност да го препознае надворешниот сигнал (шум) и да го одбие .
Постојат две варијанти на преносен инструмент - за ПД сонди и ССЦ сонди и неколку варијанти на опрема за постојан мониторинг .
Проблемите со статорот се во повеќе од 50% случаи причината за испад на генераторот.
TGA-B инструмент за периодично испитување на парцијални празнења со ПД сонди за помали од 200МВА генератори и мотори. Корисникот е доволно да инсталира сонди на поголемите генератори или да ги инсталира по потреба и повремено (препорачливо 1 на шест месеци) да направи периодични мерења. На овој начин корисникот има навремена индикација за состојбата на изолацијата па евентуалните ремонти можат да бидат плаирани години однапред, но и да се одложат доколку изолацијата е во добра состојба .