ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЦЕВКИ

 

ОПРЕМА ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ОШТЕТЕНИ (КОРОДИРАНИ) ДЕЛОВИ НА ГАСОВОДНИ ,НАФТОВОДНИ И ТОПЛОВОДНИ ЦЕВКИ

Пронаоѓање на оштетени делови на превлака (пластифицирана) и зачеток на корозија на гасоводни , нафтоводни и топловодни и останати цевки. Испитување и точна локација за креирање мапа на дефекти на катодно заштитени цевководи. Инструментот работи со помош на рачен трансмитер кој се приклучува во било која катодно заштитна станица од цевководот. Наполнувањето на трансмитерот е од станицата, АЦ или надворешна батерија од каде испраќа сигнал преку анодите кој преку оштетените делови на цевките се враќа до трансмитерот. Рачниот ресивер работи на батерии и има дисплеј за приказ на нивото но и функција и на логер и го снима нивото на струјни градиенти кои се јавуваат по целата должина со што се добива мапа за дефекти на заштитата на цевководот. Ресиверот работи и со ГПРС уреди па може на основа на оваа комуникација да направи мапа со координати. Функцијата на логгер со снимање на резултатите му дава на операторот можност да споредува резултати од последователни мерења и да го прати трендот на стареење на изолацијата и соодветно да планира интервенции за поправка.За точна локација се користи и А-рамка која во делот на оштетувањето (откриен со ресиверот) дава најпрецизна локација на дефектот

 

 

 

SEBA KMT Vloc DM2

 

 

 

 

ОПРЕМА ЗА ЛОКАЦИЈА НА ЦЕВКИ

За локација на точната траса на метални цевки се користи метода со електромагнетни бранови. На овој начин со рачен инструмент, се пронаоѓаат и сите извори на електромагнетни бранови но и оние со точна фрекфенција – која ја генерира тон генераторот со што се прави точна локација на трасата на цевките. Понатаму е можно инструментот да ја одреди и длабочината на цевката.

 

 

 

SEBA KMT Vloc 2

 

 

 

ОПРЕМА ЗА ЛОКАЦИЈА НА НЕМЕТАЛНИ ЦЕВКИ

Достапни се две методи -акустична (со помош на преносен уред кој произведува акустичен сигнал кој се пропушта низ цевката или звучни пулсеви кои се пропуштаат низ водата во цевката) и потоа може да се лоцра со помош на земјен микрофон.

Неметалните цевки можат исто така да се пронајдат со електромагнетни бранови. За да се направи ова потребно е посебен проводен сноп на кабли појачани со фиберглас кој се протнува низ цевката а потоа методата е идентична како за метални цевки.

 

 

ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ВОДОВОДНИ МРЕЖИ

 

-ПРЕНОСНИ СИСТЕМИ ЗА ЛОКАЦИЈА НА ДЕФЕКТИ ВО ВОДОВОДНИ МРЕЖИ,

 

SEBA KMT ОПРЕМА ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕФЕКТИ

 

 

 

 

ОПРЕМА ЗА МЕРЕЊЕ ПРОТОК И ПРИТИСОК

 

SEBA KMT ОПРЕМА ЗА МЕРЕЊЕ НА ПРОТОК И ПРИТИСОК

 

 

 

-НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ВОДОВОДНИ МРЕЖИ

Комплетни системи за испитување, мониторинг и интелегентно пронаоѓање на дефект на водоводни мрежи. Зонски мерења со помош на даталоггери, кои комуницираат преку ГСМ /ГПРС или радио врска со централен компјутер за евалуација на протокот и инстатно наоѓање на дефекти во мониторираните сонди. Сензорите и даталогерите можат да бидат напојувани од батерии или мрежа, трајно се инсталираат на одредени сегменти од мрежата.

Предлокацијата се врши со акустични сензори кои се специјално дизајнирани да одговараат на шумот на водата што протекува и да го одредат интензитетот на шумот и со меѓусебна споредба на гласноста на шумот да се одреди предлокација на дефектот. До кој сензор се наоѓа најблиску. Целата комуникација се одвива преку командер СЕБА. Логерите имаат двосмерна комуникација и можат да примаат команди од командер а истовремено испраќаат информации преку мобилна мрежа до централен компјутер кој ги сочувува и евалуира сите податоци – овозможувајќи фтп пристап од секаде во светот.

Со интегрирање на резултатите од предлокацијата во комјутерскиот совтвер или во ГИС систем многу јасна индикација за грешка ќе се појави во вашиот систем уште при самиот почеток на дефектот.

 

За понатамошна точна локација на дефектот СЕБА нуди три различни методи

-ТОЧНА ЛОКАЦИЈА СО ЗЕМЈЕН МИКРОФОН

По принцип на најголем шум – можно е да се најде точното место на дефектот со помош на пиезоелектричен микрофон од кој понатаму уредот го анализира сигналот со помош на DSA (double segment analysis ) технологија

-точна локација со корелатор

Во делови каде позадинскиот шум и бука се високи, најдобри и најточни резултати се добиваат со помош на корелатор. Се поставуваат два сензори на одредено растојание од цевката и измерените резултати се евалуираат преку централна компјутерска единица.

-точна локација со носечки гас

Со посебна незапалива и нетоксична мешавина на водород и азот се прави носечки гас кој се пропушта низ проблематичната цевка. Потоа со гасен анализатор на површината на земјата се наоѓа испарувањето на гасовите.

SEBA KMT ОПРЕМА ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ДЕФЕКТИ

 

 

 

 

ОПРЕМА ЗА ВИЗУЕЛНИ ИСПИТУВАЊА НА КАНАЛИЗАЦИСКИ МРЕЖИ И ЛОЦИРАЊЕ НА БЛОКАДИ

 

VCam Metrotech е трета генерација на систем со камера за испитување на одводни и канализациски системи за евентуални блокади. Главата на камерата се има неколку адаптери за лесно поминување низ цевки, неколку опции на трансмитери за испраќање на сигнал кој подоцна се лоцира со помош на рачен надземен локатор, и неколку опции на кабли 30, 50 и 120м за спровирање низ цевки. Системот е опремен со голем дисплеј за бораскопска визуелизација водоотпорна тастатура, хардидиск за снимање до 40 часа и можност за оставање гласовни коментари од операторот, мрежно напојување, внатершни или екстерни батерии. Можност за локација на блокади и во неметални цевки со трансмитери и надземен локатор со ГПРС.

 

 

SEBA KMT ОПРЕМА ЗА ВИЗУЕЛНА ИНСПЕКЦИЈА