ТРАНСФОРМАТОРСКИ МАСЛА

 

 

Главната функција на трансформаторските масла е да обезбедат изолација и ладење во трансформаторот.Имајќи ја во предвид технологијата достапна денес-овие масла треба да издржат исклучително долг и тежок период на загревање и електрични стресови во трансформаторот. Токму од квалитетот на овие масла во голема мера зависи и животниот век на трансформаторот.

Карактеристиките на трансформаторските масла во најголема мера зависат од базното масло, процесот на рафинирање. Притоа маслата треба да бидат безбедни за употреба (од аспект на екологија и човеково здравје )

Базно масло -како основа на трансформаторското масло

Со децении NYNAS користи посебно избрана сурова нафта која одговара на палетата на производи.Токму од оваа "посебна "нафта со посебна постапка на рафинирање се добива базното масло кое се користи за производство на електрични изолациони масла. Важна разлика е што базното масло и неговата подоцнежна обработка во трансформаторско масло се одвиваат на едно место. На овој начин се избегнува било какво контаминирање на базното масло.

Доколку производителот на трансформаторско масло не го произведува во истата фабрика базното масло -тоа не може да биде со добар квалитет поради неколкуте претовари во цистерни и танкери во кои се контаминира базното масло(бидејќи со истите претходно се превезувала нерафинирана нафта или моторни масла или слично) .Потоа истите се принудени да додаваат нестабилни додатоци за подобрување на одредени својства на маслата -со што маслата стануваат нестабилни и во голема мера небезбедни.

Рафинирање

Постапката на рафинирање и хидрогенизација во NYNASHAM .Од неа произлегува широка палета на исклучително чисти и стабилни минерални базни масла без силиконски додатоци кои подоцна се инхибираат. NYNAS непрестајно инвестира во развој, истражување и подобрување на овој процес.Тоа го прави најдобриот производител на трансформаторски масла. Електричното изолационо масло кое има најдобри и најстабилни карактеристики во светот се произведува токму во оваа рафинерија .

 

Безбедност , екологија

NYNAS маслата се високо рафинирани и ги исполнуваат EU критериумите за неканцерогени масла. Сите NYNAS производи се регистрирани во REACH- Регулатива на Европската комисија која се однесува на безбедност на хемиски супстанции.

Факти за NYNAS во поглед на трансформаторски масла

NYNAS маслата се наоѓаат во повеќе од милион трансформатори ширум светот . Поради најдобриот квалитет и истрајноста на маслата -повеќе од 50 години NYNAS глобално ги снабдува сите производители на трансформатори . Годишно производство на трансформаторски масла на NYNAS изнесува 350.000 метрички тони годишно и расте секоја година. Поради посебната посветеност , истражувањето и равој - NYNAS е вклучен и во работните групи на IEC Организацијата.

NYNAS трансформаторските масла покажуваат одлични карактеристики, дури и после 40 години употреба во трансформаоритe.Одсекогаш NYNAS маслата биле еколошки безбедни и безбедни по човековото здравје. Ова го прави NYNAS повеќе од 50години прв избор на производителите на трансформатори и корисниците на опрема во поглед на електрични изолациони масла .

 

 

 

Линк NYNAS Transformer oils