ОПРЕМА ЗА ПЕРИОДИЧНА ПРОВЕРКА НА ЗАТЕГНАТОСТ НА КЛИНОВИ
Еден од најчестите кварови на статорот на генераторот е одлабавеност на стаповите во жлебови на статорот. Поради евентуално разлабавување тие почнуваат да се тријат од јадрото (поради влијанието на магнетните сили) со што се уништува изолацијата што често доведува до големи кварови.Со овој инструмент можете периодично и точно да вршите проверка на затегнатост и да спречите поголем квар на опрема дури и во одредени случаи без да го вадите роторот.
Поради природата на материјалите од кои се направени овие делови од статорот тие се склони кон собирање поради што настанува разлабавување.Затоа е важно периодично да се проверува нивната затегнатост.
Инструмент за одредување на затегнатост на клинови на статорот на генераторот. WTD 501.
Некоја од најприменуваните методи за оваа проверка е вадење на роторот и субјективната проценка од операторот кој чука со чекан по клиновите и врз база на проценката на звукот кој успева да го чуе сведува заклучок за затегнатост на клиновите.
WTD 501самиот генерира сигнал кој го испраќа пати во секунда (калибрирано постојан сигнал) и потоа преку акцелометар ги собира и испраќа овие податоци до уредот.Со напредниот софтвер и развиените алгоритми за детекција има можност да изготви мапа на затегнатост на клиновите.
Повторливост на мерењата, без можност за фактор на грешка за затегнатост на клиновите како и можност за пратење на трендот.