ОПРЕМА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ОДГОВОР НА ЗАШТИТА ВО ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ И АНАЛИЗА НА РАБОТА НА -РЕЛЕИ, ПРЕКИНУВАЧИ, НАПОЈУВАЊЕ, ОЖИЧУВАЊЕ

 

 

 

Една инструмент за тестирање на

Релејна заштита (преструјни релеи)

Струјни трансформатори

Прекинувачи

Батерии

Комплетна инсталација (ожичивање и контакти ) на горенаведените единици

 

Честопати поради обемноста на тестовите на горенаведената опрема во среднонапонските станици овие тестови се сведени на минимум поради големите трошоци за опрема, персонал и време како и потребата од дисконектирање на опремата.

Главно наменет за среднонапонски дистрибутивни мрежи PCA2 инјектира софтверски контролирана прецизна сопствена струја во прекострујното реле, и мерејќи повеќе параметри он-лине (без да ги дисконектирате елементите) брзо и едноставно и автоматски го анализира чекор по чекор одговорт на заштитата. Мери вкупна струја низ релето со сензор (клешта), струја на калем со сензор (клешта), време на операција на релето и време на исклучување на прекинувачот и вкупно системско време. Значително заштедува време во споредба со класични тестови на секој дел поединечно дисконектирање на опремата и пренасочување на оптоварувањето. Еден оператор е доволен за ракување со опремата. Поврзувањето е лесно и брзо а за целото време системот е во функција

Инструментот снима комплетни секфенци пред грешката, за време на грешката, за време на активирањето на заштитата и повторно затварање и дава комплетна слика за заштитата.

 

Можност за анализа на првиот испад детектира механички проблеми и проблеми со подмачкувањето кои резултираат со зголемени струи во калемите.Доколку прекинувачот бил во затворена позиција подолго време многу често првата манипулација дава различни резултати од последователни манипулации. Единствен начин да се предвиди како прекинувачот би реагирал во реални услови е да се испита првиот испад- бидејќи тоа е реалната состојба на прекинувачот. Доколку од некоја причина првиот испад не даде добри резултати реално е да се очекува дека по неколку месеци прекинувачот ќе биде во истата состојба. Доколку не го мерите првиот испад (туку го изманипулирате прекинувачот и потоа го анализирате )- можно е со тестот да добиете добри резултати кои нема да соодејствуваат со состојбата на прекинувачот некој месец подоцна.

 

При прв испад се анализираат –

Графикон струјата на калемите за исклучување – за информација за механички проблеми во механизмот поврзани со подмачкување и зарѓаност, може да се направи споредба на графикони на струите на калеми на отворање /затворање –за индикација на лоши конекции во контролното ожичување графикон на напонот на калем – за индикација на проблем со батеријата, полначот или поврзувањето. (снима напон пред и по оптоварување).

Покрај ова со инструментот може да се детектираат :

-проблеми со релето / подесувањето (со споредба на време на отварање на релето со подесување)

- проблеми со поврзување (конекции )на струен трансформатор (со споредба на време на отварање на релето со подесување)

-проблеми со калеми за исклучување (споени намотки ) (со анализа магнитуда на струјата)

-механички проблеми во прекинувачот и механизмот ( со мерење на времиња на главни контакти , времиња на помошни контакти, триење на ороз)

 

Инструментот симулира грешка и потоа служи како рекордер на настани за идентификација на проблеми.

И нумерички извештај со детали за операцијата на секој дел од прекинувачот (на основа на снимените величини – ова особено ќе ви биде важно за споредба на резултати и историска евалуација на состојбата и трендот)

 

 

Можност за офлине трофазно тестирање на времиња на трофазни прекинувачи .

Megger PCA2

 

 

Megger PCA2

Проспект

Линк Megger PCA2