Со напредните решенија на SEBA KMT за дијагностика на кабли може да се спречи оперативен застој. Сите типови на причини за потенцијални дефекти предизвикани од мали механички оштетувања при положување на кабел , при интервенции на градежни машини, поради стареење на спојки и изолација на кабел сега веќе може да се откријат и навремено со дијагностички испитувања и санираат со што се спречува дефект, оперативен застој и трошоци и губитоци поврзани со него .
Дијагностички тестирања на новоположени кабли (кои често претрпуваат механички оштетувања за време на положување )пред да се стават во употреба – ја потврдуваат нивната доверливост и трошоци и губитоци поврзани со оперативен застој.
Периодични дијагностички тестирања на кабли во експлоатација овозможуваат нивно правилно одржување на база на нивната состојба, наоѓање на дефекти уште пред да настане прекин во функционалноста на кабелот, оптимизирање и планирање на замени на база на состојбата на каблите а не на база на нивната старост.
Напредни дијагностички тестови достапни при положување на кабли :
-мерење на парцијални празнења – за откривање на слаби места предизвикани поради несовршеноста во производство на нови кабли и местата точно да се одредат.
-испитување на плашт на кабел – испитување на оштетувања на плашт на кабел и нивна точна локација со МФО 10 дури и полесни оштетувања на омотот на кабелот предизвикуваат продирање на вода во кабелот што конечно ќе води до дефект. Доколку овие оштетувања се откријат навремено (пред да се пушти кабелот во функција – при положување можете да избегнете дефекти и евентуален застој.
Напредни дијагностички тестови достапни за одредување на состојбата на кабелот во функција и навремено откривање на слаби места на кабелот и зачетоци на дефекти уште пред да се случат
Добро менаџирање со квалитетот на мрежата во ново време подразбира и откривање на слаби места на каблите како и потенцијални дефекти со периодични испитувања на каблите.Конвенционалните тестови- издржување на високонапонски DC тест или по IEEE поприфатената варијанта VLF тест (со многу ниска фрекфенција ) не се гаранција дека изолацијата нема да откаже можеби дури и наредниот ден. За понапредна дијагностика на реалната состојба на изолацијата на кабелот развиени се повеќе прифатени методи за тестирање - за реална слика за состојбата на кабелот. На овој начин со периодични испитувања можно е да се врши соодветно одржување на мрежата нејзините слаби точки , наместо поправка и барање на дефекти откако тие веќе ќе се случат –(што води до оперативен застој и губитоци)
Достапни се следниве тестирања
Испитување на парцијални празнења онлине и офлине ( за наоѓање на слаби места на кабелот, за испитување на спојки и завршетоци.
Диелектрична дијагностика IRC (isothermal relaxation current) RVM (return voltage measurement), фактор на диелектрични загуби ( tg delta ) за предвремено откривање на делови од кабелот(мрежата) во кој изолацијата е доволно остарена и потребна е замена.
OWTS М28- Дијагностички систем за евалуација детекција и локализација на парцијални празнења во кабловска изолација, спојници и завршетоци. Системот може да се користи со ВЛФ ( од каде во овој случај би доаѓал високиот напон котролиранод OWTS (oscillating wave test system). Системот се ракува преку преносен комјутер за недеструктивно тестирање на парцијални празнења со
дистрибуција на електрични полиња - како во нормални работни услови. Автоматска калибрација и локација на спојки. Тестирање по IEC 270. Полуавтоматски или целосно автоматски софтвер за лоцирање на дефекти и изработка на мапа на дефекти. Калкулација на капацитивност на кабелот и фактор на диелектрични загуби.