OPREMA ZA ISPITUVAWE TRANSFORMATORI

 

 

 

Дијагностичките испитувања на трансформатори за реална слика на внатрешната состојба

 

– Целосно автоматски уред 12 KV за комплетно испитување на состојба на изолација на речиси сите типови на високонапонска опрема (не само масло) испитување тг делта фактор на загуби, капацитивност, индуктивност. Со него може да се испитува не само масло туку и изолација во трансформатори, изолатори, мотори, генератори, прекинувачи, раставувачи  со максимално потиснување на сметњи (15мА и однос сигнал шум 1/20 ). Инструментот може да работи комплетно автоматски мод каде треба да изберете што тестирате и инструментот прави се до готов извештај, и опција за рачно тестирање. Инструментот генерира сопствен испитен сигнал кој не зависи од квалитетот на напојувањето (за разлика од старите мерни мостови кои испитуваат со 50 Хз ) и има можност да испитува низ широк опсег 5-500 Хз (за откривање на грешки во изолацијата кои се видливи при различни фрекфенции. Има можност за интелегентна температурна корекција (многу од конкурентните инструменти ја немаат оваа можност или само прават корекција на основ на една крива која важи само за одреден тип (старост) на опрема. Инструментот исто така со едно мерење може да детектира дали постои зависност на загубите во изолацијата од напонот (и доколку постои (инструментот анализира хармоници на сигналот) и на оваа основа препорачува дали е потребно да се направи тип-ап тестирање (за одредување на оваа зависност –како и причината поврзана со неа)

 

Покрај се ова - инструментот има можност за испитување на примероци од трафо масло во ќелија со загревање од 90 степени.

Покрај се ова инструментот има можност и за испитување на побудна струја, однос на трансформација и капацитивност на трансформатори.

 

Проспект

Линк Megger

 

 

 

 

OTS инструмент за испитување напон на пробојност на трансформаторски масла. Лабараториска и преносна верзија.

Проспект

Линк Megger

 

 

 

 

Тестер на струјни трансформатори вградени во прекинувачи и трансформатори без потреба за преповрзување. Побудна струја, поларитет и тест на однос.

Проспект

Линк Megger

 

Тестер на однос на трансформација на монофазни дистрибутивни трансформатори. Идентификација на краткоспоени намотки, прекинати намотки, неправилна конекција во намотки, внатрешна грешка или грешка во регулација.

Проспект

Линк Megger

 

 

 

 

 

MEGGER Sweep Frequency Response Analyser SFRA со вграден компјутер детектира потенцијални механички и електрични проблеми во трансформаторот кои не можат

да се откријат со друга метода.

Проспект

Линк Megger

 

MEGGER FRAX 150 Sweep Frequency Response Analyser Испитување на одговор на фрекфенции на трансформатор. На овој начин можат да се детектираат скриени механички или електрични проблеми кои не можат да се откријат со други тестирања. Со оваа метода можат да се детектираат проблеми со поместување на јадрото, заземјување на јадрото, деформации на намотките (било предизвикани од транспорт на пример од сервис до локација или транспорт до прво вградување) или предизвикани од струи на куса врска, поместувања на намотките, скршени или искривени потпори, краткоспоени или прекинати намотки, проблеми со регулација или проблеми со конекции

со тоа на различни фрекфенции се детектираат проблеми во различни делови од трансформаторот. Може да се споредат фаза со фаза, тип на трафо со ист тип, трансформатори слични по дизајн или да се испитува периодично – па да се прати трендот. Ова е прифатена метода по IEC, TC 14 IEC 60076-18, CIGRE Brochure 342

 

Проспект

Линк Megger

 

MEGGER IDAX 300 брзо и точно мерење на влага во хартиена изолација на трансформатор со мерење на капацитивност и тангенс делта на изолацијата помеѓу трансформаторските намотки на повеќе фрекфенции и сумирање на резултатите за оценка на изолацијата,мерење на било која температура.

Водата во траснформаторите се јавува поради проблеми со заптивање и хемиска вода која се јавува поради процесите на оксидација и стареење на изолацијата – што претставува каталитички процес на зголемување на домино ефектот (расте со геометриска прогресија – бидејќи секое зголемување на нивото – придонесува за зголемување на брзината со која се создава нова вода ). Со периодични испитувања на содржината на вода во трансформаторите – ја штитите изолацијата Мерењето на пробојност честопати само по себе не е доволен параметар бидејки пробојноста може да биде лоша од повеќе причини – (како честички, тг делта загуби) а водата може да е добра и обратно. Водата во принцип во трансформаторот стои во хартијата и само на повисоки температури излегува од хартијата и преминува во одредена количина во маслото (па може да ја измерите со испитување примерок од масло) Сепак мерењето на вода во масло не е доволна индикација која е вкупната содржина на вода во трансформаторот. Инструментот се приклучува на изводите на трансформаторот и со едно мерење може да одреди влага во масло, хартиена изолација, загуби и спроводливост на масло (изолација). Накратко со едно поврзување и мерење од неколку минути ќе знаете дали трансформаторот треба да се суши (можеби хот оил спреј метода или сушење во сервис ), или можеби маслото треба да се обработи суши и филтрира, дали маслото треба да се замени

    • CIGRE Brochure 414 (DFR-IDAX)
    • CIGRE Brochure 445 (Guide for Transformer Maintenance)
.

Проспект

Линк Megger

 

 

 

KF 875, KFLAB, KF UNI инструменти за мерење на влага во трансформаторски масла и други супстанции со коулометриска титрација.

Проспект

Линк Megger

 

 

 

 

MCT1605 Автоматизирани тестови со едно копче - Демагнетизација, тест на Струјни трансформатори, поларитет и девијација, отпор на намотки, сатурација,

отпор на изолација, оптовареност. Прикажува мултиплексни криви на заситување.

Интегриран 1kV DC тестер на изолација

Проспект

Линк Megger

 

MCTT-10 Тестер на струјни трансформатори / заситување и однос на трансформација

без промена на тест кабли со споредбена напонска метода. Може да се тестираат изолаторски струјни трансформатори вградени во трансформатори или прекинувачи.

Проспект

Линк Megger

 

Двоканален трансформаторски омметар за истовремено испитување на два канали на отпор на намотки на трансформатори (со и без регулација) и останати индуктивни објекти од 1 микро до 2000 оми со 10А ДЦ струја. Интегрирана опција за демагнетизација и коло за автоматско празнење.

Проспект

Линк Megger

 

Трансформаторски омметар за истовремено испитување на 8 терминали 6 канали

(со и без регулација) Симултана магнетизација на намотки. Интегрирана опција за демагнетизација и коло за автоматско празнење. МТО 3 серија од Меггер (6 канален ) – истовремено поврзување на сите 3 фази на ниска и висока страна на трофазен трафо и автоматско мерење.

посебно дизајниран за индуктивни објекти (со дополнителна можност за демагнетизација задолжителна пред враќање на трансформатор во погон по препораки од IEEE C57.102 (former IEEE 62) ). . Со инструментот можете да испитувате и регулација (под и без оптоварување ) може и да го контролира ТТР 300 (инструмент за мерење на однос на трансформација. Двата инструменти имаат исти кабли , па може со едно закачување да се испита и однос на трансформација и отпорност на намотки на трофазен трафо на сите намотки истовремено.

 

Проспект

Линк Megger

 

 

 

TTR 100 Рачен тестер на трансформатори

Рачен  тестер на едно и тро фазни дистрибутивни  (до однос до 20000 со побуден напон 8 V ac ) и струјни мерни трансформатори со помали односи ( со 1.5 V AC ). Со него можете да ги тестирате сите мерни трансформатори дури и оние што ( се заситуваат ), бараат побуден напон помал од 8 V ac. Со него можете да мерите однос на трансформација ( за идентификација на физички оштетување при испорака, проблеми со изолација,  проблеми со намотки), точност без оптоварување на струјно трафо,  отпор на намотки (за идентификација на разлабавени конекции, краткоспоени или прекинати  намотки), проверка на фазно поместување и побудна струја (за проблеми со јадро),  проверка на поларитет.   

 

Проспект

Линк

 

 

 

 

Megger TTR 300 серија. Програмабилен уред со или без вграден комјутер.Мерење на однос на трансформација на сите типови трансформатори до 45000:1 . Мерење на побудна струја и фазна девијација на примарна према секундарна намотка за откривање на краткоспоени намотки и проблеми во јадрото. Програмабилен уред со или без вграден комјутер. Разликата помеѓу овие е во интерфејсот. ТТР 300 нема ништо на него и се мора преку ПЦ, 310 има половичен интерфејс а 330 е целосно независен, може да се прават испитни планови на терен а може и да го контролира МТО 300 (инструмент за мерење на отпорност на намотки. Двата инструменти имаат исти кабли, па може со едно закачување да се испита и однос на трансформација и отпорност на намотки на трофазен трафо на сите намотки истовремено.

Проспект

Линк Megger

 

 

Високонапонски засилувач за засилување на излезниот сигнал од IDAX системот до

10kV односно до 30kV. Истовремено системот претставува изолирачки

трансформатор што овозможува мерење на заземјени објекти.

Проспект

Линк Megger

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мегаомметри и тестери на изолација од МЕГГЕР

МЕГАОММЕТРИ

 

 

 

 

Систем за анализа на изолација

- Dissipation Factor (tan δ) and Power Factor (cos φ)
- Short Circuit Impedance and Excitation Current
- Additional measuring capabilities like Capacitance, Quality
  Factor, Frequency, Voltage, Current, Power, Losses,
  Impedance, Inductance, Reactance, Spectrum Analyser,
  Digital Scope and Data Logger
- Turns ratio, voltage ratio, phase displacement
   (optional)
- Frequency response   (optional

 

Проспект

Линк Tettex

 

 

Инструмент за одредување на влага во хартиена изолација во трансформатор и критична температура со мерење на повратен напон RVM метода

Проспект

Линк HAEFELY Tettex

 

Автоматизиран систем за тестирање на дистрибутивни трансформатори за производители на трансформатори. Интегрирани секвенци на тестови по IEC, IEEE/ ANSI, GOST. Централизирана контрола и извештаи.

Проспект

Линк Morgan Schaffer

 

Myrkos Инструмент за анализа на растворени гасови во трансформаторски масла. По лабараториска IEC метода - преносен и лабараториски инструмент за комплетна гасна хроматографија .Со Миркос добивате валидни резултати согласно важечки стандард ИЕЦ 60567 (стандардот вклучува 3 различни методи на сепарација на гасови- хроматографија (прилог ИЕЦ 60567  ) head space е веројатно предност доколку покрај тестирање енергетски трафо , имате и помали примероци (пример мерни трансформатори) – поради помалата количина на примерок. Но сите 3 методи од стандардот се важечки и најосновно е инструментот да Ви биде по важечкиот стандард – бидејќи во спротивно резултатите не се валидни. Инструментот ги мери  9 те гасови потребни за алатките за дијагностика има мали влезни трошоци за инструментален гас , и ниски сервисни трошоци.

 

Проспект

Линк Morgan Schaffer

 

 

 

Инструмент за испитување боја на транформаторски масла

Проспект

Линк Micafluid

 

 

 

VZ 220 инструмент за испитување tg Delta на трансформаторски масла.По важечки ИЕЦ стандарди со и без ќелија за загревање. Можност за мерење онлине при обработка на масло со дополнителна сонда.

Проспект

Линк Micafluid

 

 

 

Tettex  опремата за испитување на мерни трансформатори  нуди комплетна  линија на производи  за високо прецизни мерења на различни типови тестови на  струјни мерни трансформатори (CTs) и напонски трансформатрои  (VTs) според  IEC и ANSI стандардите.
Тест опремата може да се користи за типско тестирање, производствено тестирање, тестирање при одржување на терен и поправка.
Нивната палета на производи опфаќа мерни инструменти, софтвер, стандардни струјни  компаратори, стандардни напонски разделувачи, оптоварувања и напојување.

 

2763, 2767, 2769

Aвтоматски тест сет за мерни трансформатори

Добро познатиот 2767 е автоматски инструмент за брзо и точно мерење на струјни и напонски трансформатори. Инструментот работи со методот на диференцијално мерење (мерен мост).
Робусниот, докажан кориснички интерфејс, дизајнот, како и апсолутната сигурност го прават овој инструмент низ годините неофицијален стандард во светот со продадени повеќе од 800 инструменти.
Tипот 2767 е комбиниран тест сет за струјни и напонски мерни трансформатори, 2763 е само за струјни трансформатори, а 2769 е тест сет верзија само за напонски трансформатори.

 

Проспект

 

3691, 3692

Програмабилно електронско струјно оптоварување  
3691 е универзален струен  оптоварувач со висока точност за стандардни  струјни оптоварувања  со слободно прилагодливи чекори  до 75 VA. Со дополнувачкиот оптоварувач 3692 опсегот на моќност се проширува се до 200VA.
Овој програмабилен инструмент на струјно оптоварување е идеален за  интеграција со 2767 или  2763 тест сетови во целосен далечински контролирани тест системи за испитување на струјни мерни  трансформатори.

 

Проспект

 

3600

Стандардни пасивни струјни и напонски оптоварувања
3600 серијата на пасивни оптоварувања се користи како вештачко оптоварување при мерење на струјни и напонски трансформатори заедно со 2767  тест сетот.
Прилагодувањето на оптоварувањето е рачно и достапни се голем број на типови на оптоварување.

 

Проспект

 

4761, 4764

Стандардни струјни трансформатори (компаратори)
4761 и 4764 високо прецизните стандарди струјни компаратори се користат како стандарди за споредба во диференцијалниот метод (мерен мост) на мерење на струјни мерни трансформатори заедно со мерните инструменти тип 2763 и 2767.
Посебниот дизајн за компезација на активен флукс на овие компаратори резултира со занемарливи струјни грешки.
Овие инструменти може да се користат како проширување на струјни опсези на мерна опрема за испитување на капацитивност и тангенс делта.

 

Проспект

 

 

4860

Стандардни електронски напонски разделници  
4860 серијата (контролни единици и капацитивен  HV делител со  комресиран гас и воздушни комори) високо прецизен стандарден напонски делител се користи како променлив споредбен стандард  во диференцијалниот метод (мерен мост )за мерење на високонапонски мерни трансформатори.
Посебниот дизајн со активно контролирана заштита на овој делител дава резултати со највисока точност.
Овој стандард напонски делител е идеален за интеграција со 2767 или 2769 тест сет во  целосно  контролиран тест систем за испитување на напонски  мерни трансформатори.

 

Проспект

 

Haefely Test AG Тестирачки системи за трансформатори

 

2285d

Tрансформаторски тест систем  
2285 е компјутерски контролиран тест систем за енергетски трансформатори. Системот извршува автоматско мерење на:
Сооднос
Отпорн на намотки
Топлотните тестови се подржани со:
  - ладна отпорност 
  - мерење на темпертурата и надзор за време на порастот на температурата
  - крива на ладење
  - екстраполација
Достапни се до 18 канали за мерење на отпорност и до 24 канали за мерење на температура. Подржува автоматска контрола на преклопка. Избирачот на тест и двете снабдувања на моќност дозволуваат мерење при различни тест конфигурации на трансформатори со до 3 системи на намотки со 3 фази.

 

Проспект

 

TMS580

Систем на мерење на трансформатори
TMS 580 е компјутерски контролиран високопрецизен систем за мерење на енергетски трансфоратори. Системот се издвои како посебно робусен инструмент во средината за тесирање на трансформатори. Дизајнот се осигурува дека контролата и функционалните кола на инструментите останат без влијание од интерферентните полиња. Системот извршува автоматско мерење на:

Загуби при оптоварување
Загуби при неоптовареност
Топлотни мерења
Тест на индуциран напон
Мерење на нулта секвенца

Исто така постои функција на ватметар за извршување на брзи и лесни мерења без дополнителни пресметки. До мерените податоци може да се пристапи преку други системи за понатамошно процесирање.

 

Проспект

 

 

 

 

Испитување на високонапонска опрема