МОНИТОРИНГ НА ГЕНЕРАТОРИ

 

Со навремено откривање на зачеток на дефекти во генераторот се заштедуваат огормни суми на поправка и загуба од изгубено производство поради поголеми кварови кои следат. Со тоа навремено може да се планираат ремонти (врз база на состојбата ) и да се прати трендот за состојбата на опремата. Искуствата покажуваат дека откривањето на дефектот во најраната фаза реално заштедува 99% во трошоци за поправка на поголем квар кој би се случил.

Со утврдување дека опремата е во добра состојба воопшто без да се исклучи од погон или да се отвори за испитување се заштедуваат значителни трошоци на отварање на опремата и испитување.Се елиминираат дополнителни ризици како заборавање алат во опремата или дополнително оштетување со опасни методи на испитување и слично.

Со користење на соодветна опрема се пресметува искористеноста на генераторот и евентуални ремонти врз база на реалната состојба и кондиција на опремата. Со оваа опрема добивате јасна слика за електричната кондиција на генераторот, што заедно со механичката кондиција (вибрации) треба да се користи за зголемување на доверливоста во опремата, оптимизација на трошоци и ремонти, како и заштита на опремата и на работниците од факторот на човечка грешка при непотребни отварања на опремата и испитување со различни методи.

 

 

 

 

 

Испитување на парцијални празнења - како индикација на состојба на изолација на

статор

Опрема за испитување на парцијални празнења

 

Испитување на флукс на ротор (како индикација на спој на ротор и помош при

дефинирање на вибрации

Опрема за испитување на флукс на ротор

 

 

 

Испитување на вибрации

Опрема за испитување на вибрации