Со испитување на генераторот уште во самиот почеток се заштедуваат огормни суми на поправка на поголеми кварови кои можат да следат. Навремено може да се планираат ремонти (врз база на состојбата) и да се прати трендот состојбата на опремата. Искуствата покажуваат дека откривањето на дефектот во најраната фаза реално заштедува 99% во трошоци за поправка на поголем квар кој би се случил.
Со утврдување дека опремата е во добра состојба без воопшто да се исклучи од погон или да се отвори за испитување се заштедуваат значителни трошоци на отварање на опремата и испитување.Се елиминираат дополнителни ризици како заборавање алат во опремата или дополнително оштетување со опасни методи на испитување и слично.
Со користење на соодветна опрема искористеноста на генераторот и евентуални ремонти се пресметува на база на реалната состојба и кондиција на опремата. Со оваа опрема добивате јасна слика за електричната состојба на генераторот, што заедно со механичката состојба (вибрации) треба да се користи за зголемување на доверливоста во опремата, оптимизација на трошоци и ремонти, како и заштита на опремата и на работниците од факторот на човечка грешка при непотребни отварања на опремата и испитување со различни методи.
ONLINE Испитување на парцијални празнења - како индикација на состојба на изолација